Реал Мадрид по
еден крајно контроверзен пенал успеа да дојде до посакуваната победа на
гостувањето кај Леванте во редовното коло од шпанската Примера, но, не е само
симулацијата на Касемиро и неверојатната одлука на судијата од тој меч во
фокусот на вниманието кај пошироката јавност.
Голот за победа
во ударот од белата точка го постигна Герет Бејл, а Велшанецот имаше чудно
однесување откако успеа да ја смести топката во мрежата позади голот на
домаќинот, најпрво Васкез сакаше да му честита, но, Бејл одмавна со раката,
тргајќи ја на својот соиграч, ова беше фрустрирачко однесување на Велшанецот
кое многумина сметаат дека е доказ дека тој не е среќен во клубот.
Од друга страна
пак, можно е ова да е реакција на Бејл поради зачестените критики на негова
адреса, а одредени шпекулации велат дека постои поделба во соблекувалната на
шпанскиот гигант, а со коментар на оваа тема се огласи и шефот на стручниот
штаб на Реал Мадрид, Сантијаго Солари.
„Тој беше среќен
во соблекувалната по мечот, најмногу поради тоа што успеа да погоди“ рече
Солари.
„Среќен сум
поради начинот на кој тој го одигра мечот, поради желбата да се докажува, тој
беше одличен на теренот и ни ја донесе победата, а во однос на тоа како го
прослави голот… Тој може да ги прославува погодоците како што посакува“
заклучи Аргентинецот.
class="twitter-tweet" data-lang="en">