Фаџоли помина со седум месеци суспензија, но за Тонали таа може да биде многу поголема, последните информации велат дека тој се обложувал на својот клуб.
„Газета дело Спорт“ излезе со вест на насловна страна дека Тонали се обложувал на натпревари на Милан додека го носел дресот на росонерите.
Тој не се обложил само еднаш на меч на Милан, туку повеќепати. Олеснителна околност може да биде тоа што не се обложувал на конечен резултат од натпреварите.
Како и да е, фактот што се обложувал на мечеви на Милан додека играл за нив, ја прави позицијата на Тонали уште потешка. Тој соработува со обвинителството, но се очекува да добие потешка казна од таа на Фаџоли. Прогнозите се дека ќе биде суспендиран на една година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.