Шок за Рома, Вајналдум заработи скршеница на ногата

by
1 минути читање

Големото засилување на Рома, Џини Вајналдум уште на почетокот од сезоната заработува повреда која веројатно подолго време ќе го одалечи од теренот.

Рома информираше дека Вајналдум се повредил на денешниот тренинг, а тестови покажале дека се работи за скршеница на десната подколеница. Во наредните денови врз фудбалерот ќе бидат направени дополнителни тестирања по што ќе се знае колку точно ќе биде надвор од теренот.

Некои веќе прогнозираат дека ќе биде надвор од 4 до 6 месеци, тоа значи дека со сигурност ќе го пропушти Светското првенство во Катар.

Ова е лоша вест за тимот на Мурињо, Вајналдум дојде како големо засилување за Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×