Шок за Олимпијакос во Бачка Топола, Мирчевски влезе и ТСЦ даде гол за голем бод! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Олимпијакос влезе како сериозен фаворит на гостувањето кај ТСЦ Бачка Топола и така го почна мечот. Грчкиот тим поведе со гол на Масурас во 16. минута од мечот.

Водството на Олимпијакос на 2-0 го зголеми Поденс по 12 минути игра во вториот дел, но работите потоа се променија.

Ѓаковац со 63. минута намали на 2-1, а десетина минути подоцна Нтои доби црвен картон. Олимпијакос остана со фудбалер помалку.

Во 88. минута во игра влезе нашиот Мартин Мирчевски, а само две минути подоцна неговиот тим преку Пантовиќ даде гол за конечни 2-2.

Во дербито од овој термин во Лига Европа, Марсеј и Брајтон одиграа нерешено 2-2, Вест Хем со 2-1 победи на гостувањето кај Фрајбург, со истиот резултат Бетис на свој терен ја совлада Славија Прага.

Немаше победник во Атина на мечот меѓу АЕК и Ајакс, дуелот заврши 1-1, Арис со 2-1 беше подобар од Ренџерс, Штурм со 1-0 победи во Полска кај Раков, а Аталанта со 2-1 го совлада Спортинг во Лисабон.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×