Шок за Интер во 93. минута, Монца му откина два бода (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По големата победа над Наполи, Интер направи голем кикс откако одигра 2-2 на гостувањето кај Монца.

Натпреварот почна одлично за Интер, по само 10 минути игра Дармијан искористи едно невнимание на одбраната на Монца и погоди за водство од 1-0.

Но веќе во следната минута Монца успеа да израмни со погодок на Чуриа.

Во 22. минута се случи огромен, несфатлив кикс на Пабло Мари, Лаутаро Мартинез му ја зема топката и постигна лесен гол за водство на Интер од 2-1.

Тој резултат беше актуелен се до 93. минута кога Дамфрис си постигна автогол за конечни 2-2. Домаќините имаа шанса и за комплетен пресврт, но не реализираа две шанси во самата завршница.

Голот за реми на Монца можете да го видите на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×