Златан
Ибрахимовиќ е најплатен играч на Милан откако по долги преговори, раководството
на „росонерите“ реши да му ги исполни барањата и да му даде годишна плата од 7 милиони
евра.
Швеѓанецот го промени менталитетот на составот по пристигнувањето во
јануари, Милан со него на теренот беше друг тим, па веројатно затоа
решија толку длабоко да бркнат во џебот.
А дека ќе нема
опуштање во новата сезона покажа и првото интервју на Швеѓанецот.
„Сакам да му се
заблагодарам на клубот и на тренерот за довоербата. Сторија се што можат за да
ме задржат. Во претходните шест месеци покажав дека годините не значат ништо.
Мислам само на фудбалот и како да останам фит, да му помогнам на тимот, на
клубот, на соиграчите и да ги направам среќни фановите. Мораме да продолжиме
онаму каде што застанавме, да играме со самодоверба и со гордост што го носиме
дресот на Милан. Со фановите на трибини ќе бидеиме уште посилни, се надевам
дека ќе се вратат наскоро. Но како и да е, јас ќе ја одработам мојата улога, ќе
ставам притисок врз мене и соиграчите, мора да се даде 200% на секој тренинг и
натпреваар“ – вели Златан Ибрахимовиќ.