Медиумите од Шпанија пренесуваат дека добар дел од фудбалерите на Реал Мадрид изразиле незадоволство од Карло Анчелоти, сметаат дека стратегот немал никаков план за реваншот против Арсенал.
Поразот од 3-0 на Емирати донесе тензија во соблекувалната на Реал Мадрид, а новото славје на „топчиите“ очигледно ќе ги турне „кралевите“ во поголема криза.
Како што пренесува Релево, добар дел од фудбалерите изразиле незадоволство од Карло Анчелоти.
Тие сметаат дека стратегот немал никаков план за реваншот против Арсенал и дека главни адути во тактиката за чудо биле „интензитет“ и „посветеност“.
Фудбалерите за ова веќе го известиле претседателот Флорентино Перез, како и за тоа дека тие повеќе не веруваат дека Карло Анчелоти е тренерот кој треба да го носи клубот напред.
Сега на потег е првиот човек на „кралевите“ и тој ќе пресуди каква ќе биде иднината на Карло Анчелоти, одредени извори велат дека стратегот ќе замине веќе по финалето во Копа дел Реј, натпревар кој е на програмата за десет дена.