Соблекувалната на Реал Мадрид веќе има сомнежи во Чаби Алонсо

by bojan
1 минути читање

Дел од фудбалерите на Реал Мадрид се загрижени од изборот на Чаби Алонсо за нов тренер, главните сомнежи се во формацијата 3-4-3 или 3-5-2 која стратегот сака да ја имплементира.

Флорентино Перез реши да го назначи Чаби Алонсо како нов тренер на Реал Мадрид откако Шпанецот импресионираше со своите замисли на кормилото на Баер Леверкузен.

Младиот стратег на промоцијата порача дека сака да ги направи навивачите горди, луѓето да доаѓаат на стадион за да уживаат и да велат дека ова е тимот што им се допаѓа.

Но медиумите сега пренесуваат дека во соблекувалната на Реал Мадрид се загрижени од изборот на Чаби Алонсо за наследник на Карло Анчелоти.

Главните сомнежи се во стилот кој стратегот сака да го имплементира, односно дел до фудбалерите сметаат дека „кралевите“ ги немаат потребните играчи за формација 3-5-2, односно другите варијанти 3-4-3 или 3-4-2-1.

Со ангажман на Трент Александер Арнолд, Дин Хујсен и Алваро Карерас, Чаби Алонсо ќе има повеќе опции на располагање во дефанзивата, но прашање е како другите ќе се прилагодат, особено главните ѕвезди кои не се премногу заинтересирани за помош во одбрана.

Друга точна на дискусија во соблекувалната била и третманот на ветераните. На многумина им пречи начинот на кој се реши иднината на Лукас Васкез и Лука Модриќ, особено ситуацијата на Хрватот.

Фудбалерите сметаат дека искуството на ветераните е од огромна важност, како на теренот, така и надвор од него. Па има многу прашалници зошто Чаби Алонсо не се заложил повеќе за нивно останување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани