Реал Мадрид
неочекувано синоќа загуби со 4-1 на Местаља и испушти три бода, a многумина вината за поразот ја бараат кај
тренерот.
„Зинедин Зидан си
играше со оган и на крајот се изгоре“ – пишува Марка и пренесува дека соблекувалната
се чудела на изборот и стартниот состав кој го одредил Французинот.
Еден Азар и
Касемиро беа позитивни на ковид-19, јасно беше дека ќе има одредени промени, но
многумина се изненадени од одлуката Иско и Марсело да добијат шанса од првата
минута.
Самите фудбалери знаат кој е во форма а кој не е во форма, па затоа се
зачудени како Крос и Менди останале на клупата, a на теренот биле играчи кои од поодамна не играат на потребното ниво.
Марка додава дека
соблекувалната се уште има голема почит кон Зинедин Зидан, но изборот на
стратегот донел многу прашалници.