Соблекувалната на ПСЖ не му верува на Мбапе

by
1 минути читање

Луис Енрике има обичај да не одредува капитен, туку самите фудбалери да го изберат лидерот.

Па синоќа во ПСЖ имаше второ гласање, овој пат тајно. Довербата на соблекувалната ја доби Маркињос, кој беше капитен и под водство на Томас Тухел, Маурисио Покетино и Кристоф Галтие.

Негов заменик ќе биде Данило Переира, Преснел Кимпембе е трет избор а Килијан Мбапе е дури четврти.

Килијан Мбапе, кој е капитен на репрезентацијата на Франција, има турбулентно лето и на момент беше отстранет од тимот како казна за тоа што не ја искористи опцијата за продолжување на соработката со ПСЖ до јуни 2025 година.

Двете страни сепак се помирија, па напаѓачот беше вратен во составот и изминатиов викенд го постигна првиот гол против Тулуз.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани