Карим Бензема игра во очајна форма, голгетерот постојано е мета на критичарите, но Зинедин Зидан секогаш го бранел својот играч и скокал во негова одбрана.
Му давал шанса во стартниот состав и кога веројатно не ја заслужувал, а за сета доверба напаѓачот сега возврати со еден лош гест.
На вчерашниот дуел со Валенсија, Карим Бензема беше повлечен од игра во 77. минута, Французинот беше бесен на ваквата одлука па одби да се поздрави со Зинедин Зидан кога го напушти теренот. Кога седна на клупата, почна нешто да дофрлува, а потоа и нервозно ја фрли јакната која му ја подаде едно лице од персоналот.
„Кралевите“ поминуваат низ тежок период, Зинедин Зидан е под голем притисок и неговото столче сериозно се ниша, па наместо да му даде поддршка, Карим Бензема му креира нов проблем на својот сонародник.
Очигледно на Карим Бензема не му значи ништо тоа што Зинедин Зидан во секоја прилика го бранеше, па останува да се види каков ќе биде односот помеѓу двајцата во иднина.