Со Симеоне се е можно, голман синоќа дебитираше за Атлетико како напаѓач!

by
1 минути читање

19 годишниот Антонио
Гомис треба да биде трет голман на Атлетико Мадрид и младото момче синоќа ги
одигра првите минути на пријателскиот натпревар против Нумансија.

Но наместо да
застане помеѓу стативите, тој играше во нападот. Во текот на второто полувреме,
дефанзивецот Марио Ермосо се повреди, Диего Симеоне не сакаше да ризикува ништо
па го повлече од игра.

Сите измени беа
направени, па за Атлетико да не игра со играч помалку во завршницата од мечот, популарниот Чоло му
нареди на Антонио Гомис да облече дрес (во прв момент тој на Молина, за потоа
да го замени со дресот на Фелипе) и да истрча на теренот.

Антонио Гомис
беше испратен да игра во форот и не беше толку лош, имаше еден убав дриблинг на средината од теренот, а дури упати и еден удар кој
заврши не толку далеку од аголот на голот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани