Еден од фудбалерите кои беа дел од златната генерација на Шпанија и освојувањето на Светското првенство во 2010 година, Жоан Капдевиља, се соочи со непријатна ситуација пред големото финале меѓу Шпанија и Аргентина.
Поранешниот лев бек не добил одобрение за електронска патна авторизација, документ кој му е потребен за влез во САД, поради што во моментов е неизвесно дали ќе може да присуствува на натпреварот.
Капдевиља преку социјалните мрежи побара помош и испрати емотивна порака, обраќајќи му се и на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Ми треба помош, Доналд Трамп. Само што ми кажаа дека не можам да отпатувам на финалето со моите деца затоа што ми е одбиен влез. Може ли некој да ми помогне? Не можете ни да замислите колку се радував што ќе бидам таму со моите соиграчи од 2010 година и што ќе ја поддржам оваа репрезентација. Не можам да поверувам дека не ми дозволуваат влез во САД и дека ќе пропуштам ваков момент со моите деца. Ако некој знае како може да се реши овој проблем, ќе му бидам благодарен цел живот“, напиша Капдевиља.
Според информациите на шпанскиот весник „АС“, причината за одбивањето најверојатно се поврзува со неговото учество на ревијален натпревар на „Ла Лига Легендс“ во Иран пред десет години. Поради американските регулативи поврзани со патувања во одредени земји, неговото барање за влез не било одобрено.
Шпанската фудбалска федерација ги покани сите членови на шампионската генерација од 2010 година да бидат специјални гости на финалето против Аргентина, но Капдевиља засега останува без можност да им се приклучи и ќе видиме дали нешто ќе се промени.