Емоции, аплаузи и спектакуларни сцени ја одбележаа вечерта во Зеница, каде Един Џеко последен пат го носеше дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Ремито со Шведска од 1:1 остана целосно во сенка на збогувањето на легендарниот напаѓач.
Во 61. минута Џеко го напушти теренот, а стадионот се претвори во голема сцена за испраќање на еден од најзначајните фудбалери во историјата на босанскиот фудбал.
Во чест на капитенот, над стадионот беа пуштени дронови кои прикажаа дел од најважните моменти од неговата долгогодишна репрезентативна кариера. Спектакуларната кореографија заврши со порака која ја испрати цела нација: „Фала капитене!“
Емотивно беше и на теренот. Фудбалерите на Босна и Херцеговина и Шведска направија шпалир, а со громогласен аплауз го испратија Џеко во неговото последно излегување од игра.