Со вчерашниот пораз од 1-4 на Реал Бетис од Челси во финалето од Конференциската лига се прекина низа која беше долга цели 23 години.
Имено, за првпат од 2001 година и поразот на Алавес од Ливерпул во финалето од УЕФА Купот (денешна Лига Европа) ниту еден шпански тим не загубил финале.
Вкупно од 2002 до 2024 во сите европски натпреварувања имало 19 шпански екипи и секогаш тие излегувале како победници. Со ваква доминаија во битките за трофеи не може да се пофали ниту една друга земја.
Тука секако не се сметаат дуелите помеѓу шпанските екипи кога секако некој мораше да биде поразен. Такви финалиња беа: Севиља – Еспањол (3-1 пен. во УЕФА Купот, 2007), Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао (3-0, Лига Европа, 2012), Реал Мадрид – Атлетико Мадрид (4-1, Лига на шампиони, 2014), Реал Мадрид – Атлетико Мадрид (5-3 пен. Лига на шампиони, 2016).
Фото: Real Betis/FB