Лук Шо одигра
само 66 минути во дербито со Евертон во рамите на осмото коло од Премиерлигата,
каде Манчестер јунајтед славеше на крајот со 1-3, а левиот бек запиша
асистенција во својот настап.
Бекот се здоби со
повреда по што мораше предвреме да го напушти теренот, а веќе е познато и колку
ќе паузира, а веста не е воопшто позитивна за Оле Гунар Солшер кој ќе биде без
својот стандарден лев бек еден месец, односно четири седмици.
Од Манчестер
јунајтед ја потврдија веста за тоа колку ќе паузира 25 годишниот фудбалер, а
според предвидениот распоред на „Црвените ѓаволи“, тој ќе отсуствува против
ВБА, Саутемптон и Вест Хем во Премиерлигата, односно сите три преостанати
натпревари од групата „Х“ во Лигата на шампионите, против Истанбул Башакшехир,
ПСЖ и Лајпциг.
Солшер беше
особено револтиран по мечот со Евертон и упати јавна критика до англиските
фудбалски власти за начинот на кој се организира распоредот на натпревари во
Премиерлигата, откако „Црвените ѓаволи“ од гостувањето кај Истанбул Башакшехир
се вратија доцна во четврток, за веќе во сабота во претпладневниот термин од
13,30 часот да ги чека меч во Премиерлигата.
Извесно е дека
големото засилување Алекс Телес кој пристигна од Порто, а беше во карантин
поради зараза со ковид-19 ќе биде во можност да го замени Шо на левата бековска
позиција, а Солшер истовремено може да смета и на младиот Брендон Вилијамс.