Со Гвардиола нема шала: Уште не потпишал за Сити а добил план за исхрана, треба да накачи дури 10 кг!

by
1 минути читање

„Граѓаните“
изминатово лето потрошија преку 200 милиони фунти за ангажман на играчи како
Матео Ковачиќ, Јошко Гвардиол, Жереми Доку и Матеуш Нунеш, но и покрај тоа Пеп
Гвардиола не е целосно задоволен од составот кој го има на располагање.

Тренерот на
Манчестер Сити го мерка талентираниот лев бек Валентин Барко од Бока јуниорс, кој има
откупна клаузула од скромни 8 милиони фунти.

Младото момче е
во бележникот и на Брајтон, Њукасл и Борусија Дортмунд, но актуелниот шампион
на Англија е убеден дека ќе ја победи конкуренцијата, па веќе крои планови за
негова интеграција во тимот и му доставил план за исхрана.

Пеп Гвардиола
стравува дека Валентин Барко е премногу ситен за да се носи со физичките барања
на Премиерлигата, па го советува да „стави“ неколку килограми. Во моментов
левиот бек тежи 64 кг, а Манчестер Сити сака тој да накачи барем до 70 кг,
идеално би било да стигне до 74 кг.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани