По три нерешени натпревари Манчестер јунајтед конечно победи, беше совладан Евертон на Гудисон Парк.
Тимот на Жозе Мурињо беше подобар противник во текот на целиот натпревар, особено во второто полувреме кога паднаа и двата голови.
Резултатот беше отворен во 57. минута кога по одлична асистенција од Погба, Марсијал мајсториски пласираше онаму каде што неможе да одбрани Пикфорд, постигна фантастичен гол за водство на Манчестер јунајтед од 1-0.
Во 81. минута Погба додаде до Лингард кој започна соло акција која ја заврши со мајсторски удар за победа од 2-0.
Покрај стрелците на головите, одличен настап имаше и Пол Погба кој конечно го покажа она што се очекува од него.
Овој триумф го врати Манчестер јунајтед на второто место на табелата пред Челси кој во среда му гостува на Арсенал во големото лондонско дерби.