209
Италијанскиот новинар Марко Барзаљи пишува дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ се уморил од Саудиска Арабија. И покрај големата плата која ја добива таму, тој е одлучен да се врати во Европа.
Наводно Интер е заинтересиран за него. Симоне Инзаги сака да го засили средниот ред и во Србинот гледа идеално решение за тоа.
Милинковиќ-Савиќ е свесен дека во Европа не може да ги добие парите кои ги добива во Саудиска Арабија, но и покрај тоа сака да се врати.
Тој не е прв кој се покаја поради заминувањето во оваа земја, шпекулации за враќање има и за Боби Фирмино и Карим Бензема.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.