Смолинг вели дека е екстремно разочаран затоа што нема да доигра во Лига Европа, Рома и Јунајтед не се договорија

by
1 минути читање

Смолинг нема да игра за Рома во финишот од Лига Европа. Двата клуба не најдоа заеднички јазик за продолжување на позајмицата на уште еден месец.

Дефанзивецот беше одличен за Рома, брзо се прилагоди, и вели дека е многу разочаран што нема да ја доигра сезоната.

„Екстремно сум разочаран што нема да ја завршам сезоната која ја почнав. Тоа што искусив голема љубов во така краток период за мене е посебно и никогаш нема да го заборавам. Сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери и стручниот штаб и да им посакам среќа за дуелот против Севиља. Напред Рома!“, изјави Смолинг на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×