Првиот гол на мечот меѓу Манчестер Сити и Астон Вила предизвика бурни реакции кај гостинскиот тим, тие сметаат дека погодокот требало да биде поништен поради офсајд.
Топката одеше кон Родри кој беше повеќе метри во офсајд, Тајрон Мингс ја зема, а Родри се активираше од офсајд му ја освои, го проигра Силва кој даде гол за водство на Сити.
Судиите очигледно сметаат дека со тоа што топката дојде до Мингс започна нова акција. Но Смит смета дека Родри стекнал предност со тоа што бил во офсајд и голот мораше да биде поништен.
„Да бидам искрен се уште не го разбирам правилото. Не мислам дека некој може да ми каже зошто голот беше дозволен, тој стекна предност од офсајд позиција“, смета Дин Смит.
„Беше десет метри во офсајд, се врати, му ја зема топката од позади на Мингс. Што требаше да направи Мингс, дали да ја пушти или ние да седиме по десет метри во офсајд од следните натпревари? Не разбирам“.
„Мислев дека барем ќе ја погледнат ситуацијата на видео бидејќи изгледаше дека е чист офсајд. Кога сфатив дека тие нема да го направат тоа, дека ВАР не реагираше, само го прашав четвртиот судија дали добиле топки за жонглирање за Божиќ и бев исклучен од игра. Ми рече дека ги прекршувам правилата на играта, а јас му реков дека требаше порано да ме исклкучи“.