Челси освои три важни бода во трката за топ 5 финиш, избраниците на Енцо Мареска попладнево со 3-1 го совладаа Ливерпул и ставија крај на црната серија во пресметките против „црвените“.
„Сините“ во последните три кола играат против два конкуренти за местата во Лигата на шампиони, па денеска стигнаа до многу значајна победа откако го совладаа Ливерпул, против кого немаа успех на 10 натпревари во низа.
Челси одлично го отвори натпреварот и поведе со 1-0 веќе во 3. минута, Енцо Фернандез донесе радост.
По десетина минути игра во вториот дел, Ливерпул си постигна смешен автогол, Ван Дајк во обид да расчисти една опасност, само го погоди партнерот од одбраната Кванса, и топката заврши во мрежата за 2-0.
На пет минути пред крајот, Ван Дајк делумно се искупи и по еден корнер намали на 2-1, но Кванса ја заокружи лошата партија со пенал над Каиседо во последните секунди од мечот, а Кол Палмер реализираше за 3-1 и три важни бода во трката за топ 5 финиш.