Слот пресреќен: Денес немаше шанси да изгубиме, не можам да опишам како се чувствувам

by Стефан
1 минути читање

Стратегот на Ливерпул, Арне Слот ги изнесе првите впечатоци откако во својата дебитантска сезона на клупата на „црвените“ го предводеше овој тим до трофејот во Премиер лигата.

Ливерпул го совлада Тотнем со 5-2 на „Енфилд“ и на тој начин ја обезбеди шампионската титула на четири кола пред крајот.

„Тешко можам да опишам како се чувствувам. Можете да почувствувате колку сето ова значи за навивачите. Мислам дека денес не можеше да изгубиме“, изјави Слот.

Одличен беше Ливерпул во текот на целата сезона и изгледаше само како прашање на време кога ќе ја обезбедат титулата.

„Цела сезона бевме на врвот, а знаете колу е тешко да се освои Премиер лигата. Моногу сум горд на сите луѓе кои се во со нас спортските директор, членовите на стурчниот штаб, сите“, истакна Слот.

Фото: Liverpool FC/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани