„Слоновите“ без тренер се пласираа во финале на КАН и закажаа дуел со Нигерија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Од речиси
изгубена позиција, Брегот на Слоновата Коска стигна до финале и ќе се бори за
трофејот на Купот на Африкански нации.

Популарните „слонови“
беа на прагот на елиминација уште во групната фаза, поради што останаа и без селектор,
Жан Луј Гасе доби отказ, а како привремен предводник беше назначен Емере Фае,
кој има мало искуство.

БСК потоа беше на
работ на елиминација и против Сенегал во осминафиналето, како и против Мали во
четвртфиналето, но откако преживеа, вечерва се покажа како подобар противник и го
совлада ДР Конго во полуфиналето.

Херој на домаќините
беше Себастијан Але, кој во 64. минута од мечот закачи еден волеј и со малку
среќа ја затресе мрежата за 1-0 и големо славје.

Во финалето,
Брегот на Слоновата Коска ќе се сретне со Нигерија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×