Сликата од Зидан и Гвардиола на Етихад која стана хит на социјалните мрежи (ФОТО)

by
1 минути читање

Зинедин Зидан за прв пат во кариерата беше елиминиран од Лигата на шампионите, претходно три пати по ред го освојуваше големиот трофеј. Пеп Гвардиола излезе како победник во дуелот со Французинот.

А по мечот двајцата тренери сами на Етихад разговараа. Камерите ги уловија, а сликите станаа вирални.

„Сакав да му честитам за титулата во Примера. Да го прашам за фамилијата, ништо посебно. Се надевам дека некој ден ќе може да имаме вечера и да разговараме повеќе“, изјави Гвардиола запрашан за разговорот со Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×