Следува финале во преговорите за Кулибали, Манчестер Сити ја зголемува понудата до Наполи

by
1 минути читање

Англискиот
вицепрвак Манчестер Сити се очекува да испрати нова, побогата понуда до Наполи
за трансферот на дефанзивецот Калиду Кулибали, откако „Граѓаните“ наводно веќе
ги договориле личните услови на Сенегалецот.

„СпортИталија“ и
„ФрансФудбал“ наведуваат дека веќе се подготвува новата понуда која ќе биде
испратена во наредните денови, а се верува дека бараната цена од страна на
италијанскиот прволигаш изнесува 80 милиони евра.

Како и да е,
најновата понуда која ја подготвуваат во Манчестер Сити за Кулибали би
изнесувала околу  70 милиони евра, а ќе
има и бонуси во истата, па останува отворено прашањето дали тоа ќе биде
финалето во овие преговори, ако се земе во предвид дека првиот човек на Наполи,
Де Лаурентис веќе најави можно заминување на Кулибали.

Кулибали и Милик
се на својот пат вон клубот, со оглед на активностите на трансфер пазарот за
нивните услуги
“ рече Де Лаурентис.

„ФрансФудбал“
пренесе дека Кулибали веќе ги договорил личните услови со Манчестер Сити, а од
англискиот клуб Сенегалецот ќе добие двојно поголема плата која ќе изнесува 12
милиони евра на годишно ниво.

Се верува дека
Кулибали првично изразил желба да остане во Италија, но под поинакви услови,
односно плата од 7 милиони евра на годишно ниво, плус бонуси, меѓутоа Де
Лаурентис категорично ја одбил таа можност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×