Славеникот Суарез со нов гол, Атлетико пресилен и за Валенсија (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Избраниците на
Симеоне продолжуваат да редат победи, вечерва славеа на домашен терен против
Валенсија.

Гостите поведоа во 11. минута, Рачиќ прекрасно погоди за 0-1. Сепак, Атлетико
брзо одговори и преку Жоао Феликс изедначи во 23. минута.

На стартот од вториот
дел на сцена стапи Луис Суарез, напаѓачот си подари гол за роденден и
реализираше за 2-1. За Уругваецот ова беше погодокот број 12 оваа сезона

Во 72. минута
Кореа се запиша во листата на стрелците и ги реши сите дилеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×