Интер има +5 во
однос на Милан а го скокна и Лацио на табелата по победата на Сасуоло, Ромелу
Лукаку со два гола ги предводеше „нероаѕурите“ до важни три бода во трката за
топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони.
Фудбалерот од
Белгија го отвори резултатот на пет минути пред крајот на првиот дел откако прими
една топка, се сврте кон голот и испука проектил од 25 метри за 1-0.
По десетина
минути игра во продолжението, Тресолди си ја затресе сопствената мрежа за 2-0,
а во 58. минута Лаутаро Мартинез зголеми на 3-0. Потоа следеше мало опуштање,
па гостите преку Матеуш Хенрике и Фратези намалија на 3-2 и најавија интересна
завршница.
Сепак, во 89. минута
Лукаку по втор пат ја затресе мрежата и стави крај на сите дилеми. Напаѓачот
денеска слави родеден, па ќе има причина плус за добра забава.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.