Славен Билиќ ќе води репрезентација на СП?

by 24 фудбал
1 минути читање

Славен Билиќ е во преговори со Фудбалска асоцијација на Гана и би можел да стане нов селектор на Гана.

Според медиумите, Билиќ веќе имал разговори со челниците и е еден од главните кандидати за позицијата, по отказот на Ото Адо. Во игра се и имиња како Карлос Кеирош и Фернандо Сантос. Најверојатно, доколку дојде до договор, тој би бил краткорочен до крајот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Билиќ е без ангажман од 2024 година по заминувањето од Ал-Фатех, а најголем успех имаше како селектор на Хрватска.

За него ова би било враќање на големата сцена, додека Гана со играчи како Мохамед Кудус се надева на силен настап на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×