Минатото лето,
ПСЖ имаше неколку обиди да го ангажира Милан Шкрињар, но Интер не ја доби
посакуваната сума и дефанзивецот остана во Милано.
Со олгед на тоа
дека Милан Шкрињар ја одработува последната година од договорот, ПСЖ не губи
надеж, па дури и крои планови како беспари да го донесе во своите редови.
Сепак, последните
информации велат дека Милан Шкрињар ќе му остане верен на Интер и покрај тоа
што може да заработува многу повеќе во Париз.
Спортмедиасет пренесеува
дека начелно е постигната согласност за плата од 5,5 милиони евра, која со
бонуси може да се искачи до 6 милиони евра (ПСЖ му нуди 9 милиони евра по
сезона).
Сега остануваат
да се испеглаат уште деталите и се очекува во брзо време да биде соопштена
новата соработка.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.