„Црвените Ѓаволи“
во 2003 беа на добар пат да го ангажираат Роналдињо но во последен момент
понуда достави Барселона, Бразилецот се предомисли и се пресели на Камп Ноу.
Тоа лето,
Манчестер јунајтед и Барселона одиграа пријателски натпревар на подготовките, а
Пол Сколс и неговите соиграчи кроеле планови како да му се одмаздат на Дињо.
„Мислам дека
Роналдињо беше блиску до потпис со нас” – вели легендата на „Црвените Ѓаволи“.
„Добро ја паметам
таа година, бевме на подготовки и се чинеше дека тој ќе потпише за нас. Но на
крајот заврши во Барселона”,
„Потоа игравме
пријателски натпревар со Барселона, и сакавме да му се одмаздиме поради тоа што
не потпиша со нас”.
„Рзговаравме за
тоа да го удираме, но едноставно не можевме да му се доближиме. Брилијантен играч”.
„Ќе беше одлично
доколку заиграше за Манчестер јунајтед, но тоа не се случи”.