79
Шкендија и Милан ова лето се сретнаа во квалификациите од Лига Европа, италијанскиот тим беше многу подобар, но Тетовчани и тогаш, но и сега се истакнаа со хуморот.
Во денешниот пост на социјалните мрежи, Шкендија му се обраќа на Милан и му вели дека тие се најдобрите „росонери“.
„Почитуван Милан,
Ние постојано го следиме вашиот прогрес поради фактот дека пријателите не треба да бидат заборавени и во овој момент ние сме најсупешните „росонери“.
Запаметете, формата е моментална, класата е вечна. Па „форца“ пријатели!“