Во 27. коло од македонската прва лига, Пелистер ја пречека Шкендија, токму овие две екипи ќе играат и во финалето од Купот. Ако се суди по денешниот меч, тешко им се пишува на Битолчани.
Шкендија победи со 6-0 постигнувајќи по три гола во секое полувреме, Бојку, Фазлагиќ, Бејтулаи, Жуниор, Алими и Радески беа стрелци на головите за тетовскиот тим.
Вардар на домашен терен се спаси од пораз против Шкупи со гол во 93. минута од натпреварот.
Гостите водеа со погодок на Имери од 31. минута, а Новак пред последниот свиреж на судијата погоди со глава за конечни 1-1.
Работнички со гол на Велинов на десет минути пред крајот победи на гостувањето кај Скопје со 1-0.
Ренова со 2-1 ја совлада екипата на Победа. Јусуфи и Маркос беа стрелци на голвоите за домаќините, Даноски погоди за Победа.
Немаше голови на мечот помеѓу Силекс и Академија Пандев.
Фото: ФК Шкендија