Шкендија го победи Вардар, во следното коло може да ја завери титулата

by
1 минути читање

Поради актуелните случувања во Вардар, Шкендија влезе како фаворит на денешниот натпревар иако тој се играше во Скопје.

По само шест минути игра со гол на Бесарт Ибраими Шкендија дојде во водство од 1-0, но пред крајот на првиот дел 17-годишниот Колевски успеа да го изедначи резултатот.

Почетокот на второто полувреме донесе пресврт, Блажевски реализираше од пенал за водство на Вардар од 2-1.

Но радоста на домаќините не траеше многу, во 51. минута Ибраими со убав гол од слободен удар го изедначи резултатот на 2-2, а во 59. минута поранешниот Вардарец, Висар Муслиу донесе победа за Шкендија од 3-2.

На осум кола до крајот Шкендија има 23 бода повеќе од Вардар кој е втор, со триумф или реми над Шкупи во следното коло Тетовчани ќе ја заверат шампионската титула.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани