Шкендија е нов шампион на Македонија

by
1 минути читање

Шкендија е новиот шампион на Македонија, тетовскиот тим денеска ја завери титулата откако го совлада Шкупи со 2-0.

Гостите од Чаир одолеваа еден час на нападите на Шкендија, конечно во 63. минута Радески го постигна толку посакуваниот гол за домашната публика, а 20 минути подоцна Ибраими ги постави конечните 2-0.

Со истиот резултат Вардар доживеа пораз на гостувањето кај Победа која води битка за опстанок. Гешоски и Даноски беа стрелци на погодоците за прилепчани.

Работнички во второто полувреме го скрши отпорот на Пелистер и победи убедливо со 4-0. Маркоски беше стрелец на два гола, по еднаш погодија Ангелов и Џофри.

Академија Пандев ја забележа првата победа во пролетниот дел откако со 2-0 славеше на гостувањето кај Скопје. Дориев и Балдовалиев ги постигнаа головите.

Силекс со погодок на Пановски ја победи Ренова со 1-0.

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани