Популарното
„Гре-Нал“ важи за едно од најлутите ривалства во светот на фудбалот, изминатиов
викенд на програмата беше дуелот број 434. Натпреварот заврши со триумф на Интернационал
од 1-0 а по последниот свиреж настана голем инцидент.
Се почна кога
домашните играчи Патрик и Кадорини од трибините земаа импровизирани ковчези со
логото на Гремио и гордо ги покажаа на теренот. Гремио е во зоната за испаѓање
и големи се шансите да се пресели во втора лига, па Интернационал ја славеше
„смртта“ на својот лут ривал.
На гостинските
фудбалери не им се допадна потегот, па иако веќе беа тргнати кон
соблекувалната, решија да се вратат, настана брканица, имаше влечење, туркање и
по некој удар.
Descomunal escándalo en Brasil: Inter le ganó 1-0 el clásico a Gremio y apenas terminó el partido jugadores del local mostraron “ataúdes” con los colores del rival, que está hundido en zona de descenso y debe descontar 7pts en 9 fechas. Así terminó todo:pic.twitter.com/WJAet0W2Cg
— Lucas Beltramo (@LucasBeltramo) November 7, 2021