Скандал во Шпанија: Првиот помошник на судијата ја шпиунирал соблекувалната на Барса!

by
1 минути читање

Барселона синоќа со 1-0 го совлада Атлетико Мадрид, меч на кој имаше спорни судиски одлуки, домаќините излегоа со неколку замерки.

„Каталонците“ сметаа дека требале да добијат пенал за стартот на Ермосо врз Жоао Феликс и дека Аспиликуета требал да биде исклучен.

Неколку извори сега пишуваат за скандал по последниот свиреж на судијата, првиот помошник на судијата, Раул Кабањеро стоел пред вратата на соблекувалната на Барса со намера да слушне што ќе зборуваат фудбалерите.

Лице од тренерскиот персонал на Барса дури го опоменал помошникот дека нема што да бара таму по што настанала мала тензија.

Истиот помошник направил инцидент и на полувремето, кога влегол во соблекувалната на Барса со изговор дека треба да ја провери опремата, нешто што не е дозволено и проверката ја прави друго лице, но само откако фудбалерите ќе излезат од соблекувална.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани