Скамака: Рома е мојот дом, сонувам да играм за Жозе Мурињо!

by
1 минути читање

Скамака е роден во Рим, беше дел од младинските школи и на Лацио и на Рома, но никогаш не заиграл серниорски фудбал за некој од римските гиганти.

Рома води преговори со Вест Хем да го донесе на позајмица, Скамака треба да биде замена за повредениот Абрахам.

„Рома е мојот дом. Сонувам за сценарио во кое Жозе Мурињо е мојот тренер. Сигурен сум дека под негово водство ќе можам многу да напредувам“, изјави Скамака во интервју за „Газета дело Спорт“.

Во текот на оваа недела се очекува Рома и Вест Хем да имаат преговори кои може да бидат клучни за иднината на Скамака.

Рома го сака на позајмица со опција за откуп, а ставот на Вест Хем е дека евентуалната позајмица мора да биде со обврска за откуп, а не опција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани