Вчера Вест Хем играше пријателски меч против Даг & Ред кој заврши нерешено 2-2. Скамака не беше ниту во стартниот состав, ниту на клупата за резерви.
Ова сугерира дека италијанскиот напаѓач е пред враќање во Рома. Тој беше дел од младинскиот погон на овој тим, роден римјанин е, и неколкупати изрази желба да се врати.
Директорот на Рома, Тиаго Пинто беше на преговори во Лондон за позајмица на Скамака со опција или обврска за откуп.
Според „Калчомеркато“, паднал договор, Вест Хем се согласил да го прати Скамака на едногодишна позајмица во Рома, со обврска за откуп доколку римската волчица обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Скамака на почетокот од овој месец изјави дека Рома е негов дом и дека играњето за Жозе Мурињо би било сон. Останува да видиме дали сонот ќе му се оствари.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.