Сити прокоцка два гола предност и освои само бод против Кристал Палас! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Грилиш донесе предност уште во 24. минута, а по девет минути игра во вториот дел Луис зголеми на 2-0.

Во тие моменти никој не ни помислуваше дека може да се случи Сити да не го добие овој меч, но следуваше шокантен финиш за шампионот.

Најпрво во 76. минута Матета намали на 2-1, а во 95. минута Олисе од пенал го изедначи резултатот на 2-2.

Челси со голови на Палмер и Џексон во второто полувреме дојде до победа од 2-0 над Шефилд јунајтед.

Њукасл со убедливи 3-0 го совлада Фулам. Гостите останаа со фудбалер помалку уште во 22. минута кога црвен картон доби Раул Хименез.

Домаќините предноста ја искористија во вториот дел кога преку Милеј, Алмирон и Брн дојдоа до убедлив триумф.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани