Сити потврди, Марез за 30 милиони му стана соиграч на Алиоски во Ал Ахли

by
1 минути читање

Ријад Марез е нов
соиграч на Езгјан Алиоски, Манчестер Сити попладнево го потврди трансферот на
Алжирецот во Ал Ахли.

По пет години на
Етихад, Ријад Марез се реши за промена на средината откаку доби понуда од
Саудиска Арабија да заработува околу 25 милиони фунти по сезона (одредени
извори пишуваат за многу поголема сума) и тригодишна соработка, со опција за
додатни 12 месеци.

„Граѓаните“ од
продажба на Ријад Марез ќе инкасираат околу 30 милиони фунти.

„Имав пет незаборавни
години во овој клуб, работев со неверојатни играчи, фантастични навивачи и
најдобриот тренер во светот. Имам спомени за цел живот, и начинот на кој
стигнавме до титулите во Премиерлигата, битките со Ливерпул и Арсенал, само покажуваат
каков победнички менталитет имаме и желба да бидеме најдобри. Манчестер Сити
секогаш ќе биде огромен и среќен дел од мојот живот“
– вели Ријад Марез.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани