Сити одблизу ја следи ситуацијата со Дибала

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат, се вели дека шефот на стручниот штаб на
англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го испратил главниот извршен
директор на Премиерлигашот, Феран Сориано за да ги следи настапите на Пауло
Дибала минатиот месец во дресот на Јувентус.

25 годишниот
Аргентинец не игра во посакуваната форма оваа сезона, постигна само седум
погодоци, а од друга страна пак, реализираше и шест асистенции во 28 настапи за
Старата дама во сите конкуренции.

Како и да е,
Гвардиола го испратил Сориано на мисија во Торино за одблизу да ја проследи
ситуацијата со аргентинскиот интернационалец, а Дибала бил следен и на дербито
со Лацио на 27 јануари, според пишувањата на Тутоспорт.

Се шпекулира дека
заминувањето на Дибала од Торино, било која заинтересирана екипа за неговите
услуги би ја чинела околу 120 милиони евра, а спортскиот директор на Јувентус,
Фабио Паратичи, неодамна изјави дека офанзивецот ќе остане во редовите на
италијанскиот шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани