Сити не дозволи сензација, го победи Бриж и се протна во нокаут фазата! (ВИДЕО)

by riste
3 минути читање

Манчестер Сити со пресврт во второто полувреме го победи Клуб Бриж со 3-1 и се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Тимот на Пеп Гвардиола беше под своето ниво во првото полувреме и дозволи по една контра Бриж да дојде во водство преку Ониедика.

Но, работите се променија во вториот дел, најпрво Ковачиќ изедначи на 1-1, потоа Ордонез си даде автогол, а победата од 3-1 ја завери Савињо.

ПСЖ со убедлива победа од 4-1 на гостувањето кај Штутгарт го завери пласманот во следната фаза. Дембеле даде хет-трик, еден гол постигна Баркола.

Арсенал со пресврт дојде до гостинска победа кај Жирона со 2-1. Данџума погоди за предност на домаќините, а потоа Жоржињо и Нванери дадоа голови за триумф на топчите.

Ливерпул го забележа првиот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона откако со 3-2 загуби на гостувањето кај ПСВ. Гакпо и Елиот ги дадоа головите за црвените. Бакајоко, Салбари и Пепи погодија за холандскиот тим.

Астон Вила со 4-2 го победи Селтик и се одржа во топ 8 на табелата.

Баерн Минхен со 3-1 славеше над Слован Братислава, Баер Леверкузен со 2-0 ја победи Спарта Прага, Лајпциг доживеа уште еден пораз откако со 1-0 загуби кај Штурм. Борусија Дортмунд со 3-1 го совлада Шахтар.

Резултати:
Астон Вила – Селтик 4-2
Барселона – Аталанта 2-2
Баер Леверкузен – Спарта Прага 2-0
Баерн Минхен – Слован Братислава 3-1
Борусија Дортмунд – Шахтар 3-1
Брест – Реал Мадрид 0-3
Динамо Загреб – Милан 2-1
Жирона – Арсенал 1-2
Интер – Монако 3-0
Јувентус – Бенфика 0-2
Лил – Феенорд 6-1
Манчестер Сити – Клуб Бриж 3-1
ПСВ – Ливерпул 3-2
Салцбург – Атлетико Мадрид 1-4
Спортинг – Болоња 1-1
Штурм – Лајпциг 1-0
Штутгарт – ПСЖ 1-4
Јанг Бојс – Црвена звезда 0-1

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани