Фудбалерот на Лацио има одлична сезона, оваа сезона постигна девет голови и седум асистенции во сите натпреварувања. Според играта секако дека заслужува повик од Роберто Манчини, но не се најде на списокот.
„Сите знаат, а никој не го кажува тоа“, е насловот на „Ла Република“, новинарот Матео Пинчи во текстот објасни зошто Закањи не е повикан.
„Никој не го кажува тоа, но сите знаат дека Закањи не е повикан од дисциплински причини“, вели тој.
Проблемот меѓу Манчини и Закањи настанал пред една година, кога крилниот фудбалер на Лацио и неговиот соиграч Мануел Лацари се пожалиле на физички проблеми пред мечот Финалисима против Аргентина во јуни.
Докторите во репрезентацијата на Италија направиле тестови и рекле дека двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот. Но тие одбиле и го напуштиле тренинг центарот на репрезентацијата.
Според новинарот на „Ла Република“ тоа е причината зошто Манчини не го вика Закањи.
На прес-конференција Манчини доби прашање за Закањи, но не кажа зошто не е повикан: „Закањи беше со нас кога беше во Верона, нема некоја посебна причина зошто не е повикан. Националниот тим е отворен за сите, тој сигурно ќе биде инволвиран во иднина доколку продолжи да игра во оваа форма“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.