„Сите кои се разбираат од фудбал знаат дека 100 милиони евра за Антони е лудост!“

by
1 минути читање

Антони беше една од топ трансфер целите на Ерик тен Хаг, Ајакс не сакаше лесно да се откаже од Бразилецот и го натера Манчестер јунајтед да плати дури 100 милиони евра.

Спортскиот директор на ПСВ, Марсел Брандс вели дека оваа сума е лудост и додава дека Рафиња, кој беше продаден на Барса за 60+ милиони евра е подобар играч од Антони.

„Доколку направите споредба со трансферите кои беа пореални, како оној на Габриел Жесус во Арсенал (околу 45 милиони фунти), ова e нормални сумa“ – вели Марсел Брандс.

„Мислам дека сите кои се разбираат од фудбал знаат дека 100 милиони евра за Антони е лудост. Мислам дека Рафиња е подобар фудбалер од Антони и тој беше продаден за многу помалку“.

ПСВ во јануари ја продадe својата најголема ѕвезда Коди Гакпо на Ливерпул во трансфер вреден околу 45 милиони фунти.

„Кога Ливерпул ќе тропне на вратата и ќе даде одредени ветувања, не можете ништо да направите за да го спречите трансферот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани