Системот „Око соколово“ објасни зошто не го призна голот и порача: Вакво нешто ни се нема случено на 9.000 натпревари

by
2 минути читање

Ре-стартот на Премиерлигата почна со голем скандал, на Шефилд јунајтед не му беше признаен чист гол. Голманот на Астон Вила, Најланд со топката влезе зад гол линијата, но технологијата „око соколово“ не се огласи. Часовникот на судијата Мајкл Оливер не свирна дека е гол, а тој не побара ситуацијата да биде прегледана со ВАР.

Брзо по мечот системот „Око соколово“ излезе со соопштение и објасни што се случило.

„За време на првото полувреме од мечот меѓу Астон Вила и Шефилд јунајтед на Вила Парк, имаше инцидент на гол линијата кога топката беше покриена на линијата од голманот на Астон Вила Најланд. Судијата не доби сигнал на часовникот, ниту сигнал од страна на системот „гол одлука“. Седумте камери лоцирани на трибините околу голот  беа попречени од положбата на голманот, дефанзивецот и стативата. Вакво ниво на оклузија претходно не е видено на повеќе од 9.000 натпревари каде функционирал системот „око соколово“.

„Системот беше тестиран и функционален пред стартот на мечот и беше потврдено дека работи од судиите. Системот продолжи да функционира во текот на мечот. „Око соколово“ безрезервно се извинува на Премиерлигата, Шефилд јунајтед и сите кои се погодени од овој инцидент“, стои во соопштението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани