Синот на Вејн Руни потпиша за Манчестер јунајтед (ФОТО)

by
0 минути читање

Каи Руни ги следи стапките на неговиот татко Вејн, важи за сериозен талент и отсега за неговиот напредок ќе се грижи Манчестер јунајтед.

Вејн Руни на социјалните мрежи објави фотографија од моментот кога неговиот син Каи го потпишуваше договорот.

Руни напиша: „Горд ден. Каи потпиша за Манчестер јунајтед. Продолжи со напорната работа синко“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×