Симоне Инзаги не се предава, гледа светло на крајот од тунелот

by
1 минути читање

Интер веќе има три порази во Серија А, а се одиграа само седум кола. Нероазурите беа главен фаворит за Скудетото според прогнозите на букмејкерите, но сега се на седмата позиција со 12 бодови.

Поради слабите резултати, гласни се шпекулациите за можен отказ на Инзаги, но „Газета дело Спорт“ тврди дека Инзаги нема сомнеж дека ќе остане и ќе ги промени работите.

Тој како алиби ги наведува бројните повреди, но верува дека во тимот има заедништво и желба за кризата да биде надмината и дека тоа ќе се случи.

Но, следниот натпревар на Интер нема да биде лесен, тие на својот стадион ја пречекуваат екипата на Рома.

Добра вест за Инзаги е тоа што Лукаку почнал со тренинзи и дава напор да се врати веднаш по репрезентативната пауза, сака да биде подготвен за натпреварот против Рома.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×