„Колчонероси“
вчера беа елиминирани во полуфиналето на Копа дел Реј откако реваншот на Камп
Ноу заврши 1-1.
Средбата беше
прилично возбудлива и тензична, со три црвени картони, еден промашен пенал и
неколку контроверзни ситуации.
Гостите беа
оштети во второто полувреме кога беше поништен чист гол на Антоан Гризман
поради офсајд.
„Судиите можат да
погрешат” – рече Диего
Симеоне по крајот на натпреварот. „Исто како и играчите”.
„Но кога некој
играч ќе направи грешка, тој сноси одговорност, не знам дали судиите сносат
одговорност”.
„Сега е јасно
зошто во Лигата на Шампионите имаме поголеми шанси отколку во Ла Лига и Копа
дел Реј”.
Стратегот потоа
упати пофални зборови за своите играчи.
„Год сум на моите
избраници, го оставија срцето на терен, елиминирани сме но си заминуваме со кренати
глави”.
„Секако, повеќе
би сакал да одигравме лошо а да се пласиравме во финале”.