213
Денеска Атлетико Мадрид и Барселона играат исклучително важен дуел од Лигата на шампионите, се борат за место во полуфиналето.
Атлетико Мадрид со 2-0 победи на Камп Ноу во првиот натпревар, па Барселона има комплицирана мисија за да помине понатаму.
Пред овој меч атмосферата се загрева со изјави, а на прес-конференцијата една интересна имаше Чоло Симеоне.
Новинарот го праша: „Ламин Јамал искоментира дека бил чуван од повеќе фудбалери. Што ќе кажеш ти на тоа?“.
„Ако сака спорт еден на еден, може да оди и да игра тенис“, рече Симеоне.